
Почетокот на обуките во рамки на мерката „Поддршка за самовработување – претприемништво“, која ја спроведува Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА во соработка со Агенцијата за вработување, ќе биде означен денеска во Општина Аеродром.

На настанот ќе се обратат градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески, заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески, директорката на ИНОВА Даниела Димовска и заменик-директорката на Агенцијата за вработување Весна Пешова.
Целта на мерката е да се поттикне претприемништвото и самовработувањето преку обуки и поддршка за лицата кои сакаат да започнат сопствен бизнис.
Настанот е дел од теренските активности на ИНОВА за следење на реализацијата на обуките, директна комуникација со учесниците и запознавање со нивните бизнис-идеи и искуства.
