Skip to main content
Македонија

Поради сообраќајка во прекин регионалниот пат Маврови Анови – Дебар

08/08/2025  16:25

Поради сообраќајна незгода во прекин е регионалниот пат Маврови Анови-Дебар.

Како што соопшти АМСМ, сообраќајот на делницата од регионалниот пат Р1-202 Маврови Анови – Дебар, кај мостот Ростушки, е во целосен прекин во двата правци поради сообраќајна незгода.