
Актуелните политички случувања во Бугарија нема да го одложат пристапувањето на земјата во Еврозоната од 1 јануари, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за економија, продуктивност и буџет, Балаж Ујвари. „Ситуацијата е многу јасна. Постојат голем број критериуми за пристапување што треба да се исполнат, а Бугарија ги исполни. Сите главни критериуми се исполнети, сите релевантни одлуки се донесени, и врз основа на тоа планот е од 1 јануари земјата да почне да го користи еврото“, нагласи Ујвари.
Неговиот одговор дојде по прашањето дали вчерашната оставка на бугарската Влада или барањата на партијата Преродба за одлагање на влезот во еврозоната, како и инсистирањата на претседателот Румен Радев за референдум, можат да влијаат на планот. „Соодветните одлуки се донесени и тие остануваат важечки“, додаде Ујвари.

