Skip to main content
Македонија

Полициска акција во Скопје: Апсења на вработени во затворите поради организиран криминал

27/02/2025  10:11

Утринава во Скопје се спроведува нова полициска акција

Според првичните информации, таргет на акцијата се сегашни и поранешни вработени во затворите, кои се сомничат за незаконско работење и формирање организирана криминална мрежа. Лицата опфатени со истрагата се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување, овозможување бегство на лице лишено од слобода, незаконско ослободување на затвореници и соизвршителство.

Очекуваат повеќе детали за акцијата во текот на денот.