
На 02.10.2026 во 10:30 часот во ПО Жеровјане било пријавено дека во с. Милетино, во близина на центарот, поради нерасчистени имотно-правни односи околу пат, М.К. (75) од с. Милетино со остар предмет му нанел повреда на Т.К. (66) од истото село. Повредениот со возило на Итна медицинска помош Тетово бил пренесен во Ургентен центар Тетово за укажување лекарска помош.

На местото на настанот е извршен увид, а пронајдените траги од крв и остриот предмет се обезбедени, додека М.К. е лишен од слобода и задржан во полициска станица за понатамошна постапка.


