
Единаесет лица се лишени од слобода во одделни полициски акции спроведени во Скопје, Гостивар, Битола и Прилеп, откако кај нив била пронајдена дрога, додека при претрес во Казнено-поправната установа „Идризово“ биле откриени и таблети кај осуденик, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Во текот на 5 и 6 јули, на повеќе локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле М.Т. (37), З.Т. (25), И.Д. (31), Б.Ј. (20), М.Г. (20), сите од Скопје, како и Ш.Б. (33) од село Инџиково и Е.Н. (25) од село Кондово. При прегледите кај нив биле пронајдени и одземени прашкаста материја, бела грутчеста материја и марихуана.
Во Гостивар, околу 2:40 часот по полноќ, на улицата „101“, во близина на бензинска пумпа, бил лишен од слобода 18-годишниот Л.Ќ., кај кого при полициски преглед била пронајдена марихуана.
Во Казнено-поправната установа „Идризово“, при претрес извршен за време на посета на осуденикот С.М. (32) од Штип, биле пронајдени и одземени таблети. Случајот бил пријавен во СВР Скопје, а се преземаат мерки за негово целосно расчистување.
Во Битола, на улицата „Тепсија“, полициски службеници го привеле 20-годишниот Б.Б., бидејќи при преглед кај него била пронајдена марихуана.
Во Прилеп, на локалитетот Вештачко Езеро, полицијата ги лишила од слобода Ш.О. (41), државјанин на Турција со привремен престој во Прилеп, и Ф.И. (27) од Прилеп. При контрола на патничко возило „Мерцедес“ со прилепски регистарски таблички, во кое се наоѓале двајцата, била пронајдена прашкаста материја.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосното документирање на сите случаи ќе бидат поднесени соодветни пријави против осомничените.
