Skip to main content
Хроника

Полицијата влезе во дом во Неготинско: 20-годишник и дал марихуана на малолетничката кога ги забележал полицајците

08/09/2026  11:22

Полициски службеници од ОВР Неготино вчера во 18:30 часот во селото Дуброво лишиле од слобода 20-годишен жител на селото и неговата 17-годишна невенчана сопруга, откако при полициска акција била пронајдена марихуана.

Како што информираат од МВР, по наредба од Основниот суд Кавадарци бил извршен претрес во домот на Х.Т. (20). При преглед кај 17-годишната малолетничка била пронајдена и одземена марихуана.

Според полициските информации, Х.Т. ѝ ја дал марихуаната на малолетничката во моментот кога ги забележал полициските службеници.

Двајцата биле приведени во полициска станица, а со малолетничката бил извршен службен разговор во присуство на родител и претставник од Центарот за социјални работи Неготино.

За случајот бил известен јавен обвинител, а од МВР најавуваат дека по целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.