Skip to main content
Хроника

Полицијата вчера привела седум возачи кои возеле без да имаат положено

22/10/2026  14:13

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода седум возачи, а со еден извршија службен разговор поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило” по член 297-а од Кривичниот законик.

Сите лишени лица управувале возило без положен возачки испит и тоа: А.С.(28) и 17-годишник, двајцата од Скопје, А.А.(20) од с.Арачиново, скопско, 17-годишник од с.Орешани, општина Зелениково, Џ.В.(24) од Битола, Б.М.(24) од с.Добовјани, струшко и 16-годишник од с.Мала Речица, тетовско.

Додека, пак, полициски службеници од СВР Велес извршија службен разговор со 17-годишник од Велес, во присуство на бранител, поради тоа што управувал мотоцикл без возачка дозвола. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.