Skip to main content
Хроника

Полицијата ја пронашла малолетничката за која беше пријавено дека била одземена од Охрид – ова се деталите

23/08/2025  14:02

Во Скопје е пронајдена малолетничката за која беше пријавено дека била одземена од Охрид.

Според пријавеното, на 21.08.2025 на социјална мрежа Фејсбук тој добил порака од женско лице од Скопје, кое му кажало дека неговата ќерка е кај неа дома, дека доброволно и сама дошла во нејзиниот дом и дека ќе ја мажела за нејзиниот брат. Исто така, според пријавеното, тој се сомнева дека неговата ќерка сама отишла во Скопје затоа што немала пари кај неа, односно дека била измамена од лицата и на тој начин била однесена во Скопје.

По преземени мерки и активности малолетничката била пронајдена во Скопје, а поради сомнение дека го сторила делото, на 22.08.2025 околу 22.30 во полициска станица бил извршен службен разговор со Р.Б.(20) од Скопје, информират од МВР.

По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.