Skip to main content
Хроника

Полицицијата уапси стружанец и го врати во затвор за да си ја долежи казната

25/10/2025  15:05

На 25.10.2025 во 08:15 часот на улица „Владо Малески“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го приведоа Ф.К.(63) од струшкото село Велешта, кој бил баран врз основа на наредба од Основен суд Струга за издржување затворска казна од една година за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик.

Лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување на казна.