Skip to main content
Хроника

Полицаец ограбен во полициска станица – исчезна службен пиштол со куршуми

02/03/2025  13:29

Несекојдневен инцидент во полициската станица во Крушево – полицаец останал без службениот пиштол и 13 куршуми, откако непознат сторител го испразнил металниот шкаф каде што чувал опрема.

Според пријавата поднесена на 1 март, кражбата се случила во период од неколку месеци, од 31 октомври 2024 до 1 март 2025 година. Надлежните органи преземаат мерки за расчистување на случајот.

Како е можно оружје да исчезне од полициска станица? Истрагата ќе треба да даде одговор.