Skip to main content
Хроника

Подрум во Аеродром претворен во скривалиште за дрога

09/07/2026  09:56

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје открија поголема количина разновидна наркотична дрога во напуштени подрумски простории во станбена зграда на подрачјето на Општина Аеродром.

Акцијата била спроведена на 8 јули, по претходно преземени оперативни мерки и активности. При претресот, полицијата пронашла бела грутчеста материја, халуциногени печурки, кеса со поголема количина таблети екстази, марихуана, како и три дигитални ваги кои најчесто се користат при мерење и подготовка на наркотични средства.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот, утврдување на лицата поврзани со дрогата и нивна кривична одговорност.

По комплетното документирање на случајот, против инволвираните лица ќе биде поднесен соодветен поднесок.