
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска официјално го означија почетокот на целосната реконструкција на улицата „Перо Наков”, со што по речиси три децении запоставеност започнува значајна инвестиција во унапредување на сообраќајната инфраструктура и квалитетот на секојдневниот живот на граѓаните.
„Проектот е насочен кон создавање побезбедна, поуредена и функционална урбана средина за илјадниците жители кои секојдневно ја користат оваа сообраќајна артерија.
После речиси три децении запоставеност, започнуваме со целосна реконструкција на улицата „Перо Наков”
Денес, заедно со градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, ја започнавме целосната реконструкција на оваа значајна сообраќајна артерија, која секојдневно ја користат илјадници жители.
Станува збор за улица од исклучително значење за локалното население и за целата општина, која со години беше во катастрофална состојба и претставуваше вистински предизвик за безбедно и нормално движење.
Тоа време, завршува.
За Гази Баба доаѓа нова ера на уреденост, безбедност и достоинствено секојдневие.
Реконструкцијата опфаќа изградба на нови тротоари од двете страни на улицата, доизградба на атмосферската канализација, поставување нов асфалт, современо осветлување и подземно поставување на операторските мрежи.
Со овие зафати, целосно се менува ликот на овој дел од населбата и се создава современ, функционален и безбеден урбан простор.
Продолжуваме со силно темпо и со целосна посветеност, затоа што секој проект е чекор поблиску до подобар град.
Скопјани заслужуваат улици по кои се поминува со сигурност, гордост и чувство дека градот се грижи за нив“, рече Ѓорѓиевски.
