Skip to main content
Македонија

Почна судењето против Трајко Бојковски, обвинет за четири убиства и два обиди за убиство

09/07/2026  12:37

Во Основниот суд во Куманово денеска започнува судскиот процес против 25-годишниот Трајко Бојковски, кој е обвинет за четири убиства и два обиди за убиство на повозрасни жени во Кумановскиот регион.

Обвинетиот денеска беше спроведен во судот, каде што треба да започне главната расправа по обвинителниот акт што Основното јавно обвинителство го поднесе пред три недели.

Според обвинението, Бојковски со умисла извршил четири убиства и два обиди за убиство врз повозрасни и немоќни жени. Обвинителството наведува дека делата биле мотивирани од користољубие, односно со цел да ги ограби жртвите, а врз основа на спроведените вештачења го товари и дека делата биле извршени од други ниски побуди.

Согласно член 123 став 3 од Кривичниот законик, бидејќи е обвинет дека со умисла лишил од живот повеќе лица, доколку биде прогласен за виновен, му се заканува казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.

Во текот на судската постапка ќе бидат изведени доказите на обвинителството и одбраната, по што судот ќе одлучува за основаноста на обвинението.