
Во Клубот на пратениците почна лидерската средба што ја иницираше премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Покрај Мицкоски, кој е придружуван од координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, на средбата присуствуваат генералниот секретар на ЗНАМ и министер за јавна администрација Горан Минчев, како и градоначалникот на Тетово, Биљал Касами од коалицијата ВРЕДИ. Од опозициските пратенички групи присутни се лидерите на Левица и на ДУИ, Димитар Апасиев и Али Ахмети.
Едно празно столче беше оставено за лидерот на опозицијата, Венко Филипче, кој го одби повикот и не присуствува на средбата.
На лидерската средба се очекува да се разговара за реформските закони од правосудството, за избор на народен правобранител, за Изборниот законик и за укинување на техничката влада, како и за други прашања предложени од учесниците.

