Skip to main content
Македонија

Почина политичкиот аналитичар Арсим Зеколи

08/06/2026  10:40

Рано утрово на 60 годишна возраст почина политичкиот аналитичар и екс амбасадор Арсим Зеколи.

Веста, на социјалните мреж ја објави неговиот брат, д-р Шефкет Зеколи.

„Со длабока болка и голема тага, ве известуваме дека денес, на 8 јуни 2026 година, во раните утрински часови, ненадејно почина нашиот брат, Арсим Сулејман Зеколи (1966–2026) “ стои во објавата.

Погребот ќе биде денеска во скопското село Блаце.

Бројни политичари, аналитичари и јавни лица преку социјалните мрежи испраќаат последен поздрав до Зеколи.