Skip to main content
Македонија

Почина македонски државјанин кој беше во притворскиот центар во Валона

16/07/2026  10:59

Македонскиот државјанина Б.Л. (54), кој беше во притворскиот центар во албанскиот приморски град Валона, починал откако доживеал срцев удар.

– Според првичните информации, тој покажал здравствени проблеми и доживеал срцев удар, поради што бил веднаш пренесен во Регионалната болница во Валона, каде и покрај напорите на лекарите не успеале да го реанимираат. Надлежните спроведуваат потребни дејствија за да се разјаснат сите околности, објавија албанските медиуми.

Албанската полиција Б.Л. го уапси на 25 април во Валона, каде имал изнајмено стан, кој според полицијата го претворил во „база за дрога“.

-Полицијата во Валона разби случај на дистрибуција на дрога, по операција спроведена од специјалисти за истраги за наркотици. Уапсен е македонскиот државјанин Б.Л. (53) кој изнајмил стан во населбата „10 јули“ каде ја чувал и подготвувал дрогата, кокаин и марихуана, во помали пакувања, објави тогаш полицијата.

За време на претресот, полицијата во станот, пронашла значителна количина кокаин и марихуана, електронска вага и неколку мобилни телефони.

Во акцијата уапсени биле и албанските државјани А.И.(31) од Валона и К.А.(27) од Берат, кои се товарат за кривично дело „производство и продажба на наркотични дроги“.