Skip to main content
Македонија

Почина кардиологот Агим Зеќири

12/05/2025  11:04

Министерот за здравство, Арбен Таравари на неговиот фејсбук профил објави дека починал кардиологот Агим Зеќири, негов близок пријател.

„Денес сум трогнат од загубата на еден мој многу близок пријател, кардиологот д-р Агим Зеќири. Во текот на целиот свој живот, тој се грижеше не само да ги излекува срцата на луѓето, туку и да им подари добрина и позитивност. Нека е лесна земјата, докторе Агим! Денес ни ги исполни срцата со тага“, напиша Таравари.