
Почина грузискиот патријарх Илија II. Тој е најстариот патријарх во православието досега (93 години). Избран е за патријарх во 1977 година – пред речиси 50 години.
Веста ја објави викарот на патријаршискиот престол, митрополитот Шио Муџири, цитиран од грузискиот јавен медиум GPB.
Поради лошата здравствена состојба, Илија II бил хоспитализиран во клиниката Чапиџе, а потоа и во Медицинскиот центар Кавказ.
