Skip to main content
Хроника

Почина Анче Трифунов, поранешен државен секретар во Министерството за економија

23/01/2025  17:53

На 54-годишна возраст, денеска почина Анче Трифунов – поранешен претседател на советот на Општина Кочани и Државен секретар во Министерството за економија.

MK Summit

Веста ја објави општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Кочани од каде соопштија дека денеска на 54 годишна возраст во Кочани починал Анче Трифунов, поранешен претседател на Советот на Општина Кочани и Државен секретар во Министерство за економија.

– Денес е голема загубата за сите чесни сопартијци, денес почина Анче Трифунов, наш долгогодишен член и активист, бивш Претседател на Совет на Општина Кочани и Државен секретар во Министерство за економија.

Анче Трифунов е роден на 10.01.1971 година, дипломиран машински инжинер кој работните обврски ги извршуваше во ЈПССДП, каде своевремено беше и раководител на истоимената ПЕ.