Skip to main content
Хроника

Почина Алајдин Сулејмани од Арачиново – им подлегна на повредите по пукањето денеска на Бит Пазар

25/04/2025  17:52

Алајдин Сулејмани (30) од Арачиново им подлегнал на тешките повреди кои ги здоби денеска од истрели во близина на Полициската станица – Бит Пазар. Тој почина во операциона сала на Државната клиника во Скопје, пишува весникот „Коха“.

Засега непознати лица испукале неколку куршуми кон Сулејмани, бил погоден во глава, во граден кош и во други делови од телото.

Полицијата истражува дали денешното пукање има поврзаност со физичка пресметка меѓу две групи што се случи пред две недели.

„Денес (25.04.2025) околу 14:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата ‘Војдан Чернодрински’, во реонот на Бит Пазар, имало истрели од огнено оружје. На местото на настанот излегле полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар, кои констатирале дека станува збор за вооружена пресметка, при што едно лице било тешко повредено и транспортирано во Ургентниот центар при Клиничкиот комплекс ‘Мајка Тереза’. На местото на настанот биле пронајдени повеќе чаури. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ – соопштија од МВР.