Skip to main content
Балкан

Почина 19-годишниот Вукашин Црнчевиќ кој беше тешко повреден при уривање на настрешница во Нови Сад

21/03/2025  13:26

Тинејџерот Вукашин Црнчевиќ (19) од Змајево, кој беше тешко повреден при уривање на настрешница во Нови Сад во ноември 2024 година, почина по четири и пол месеци борба за живот.

На кобниот 1 ноември, Вукашин пристигнал во Нови Сад, чекал превоз на Железничката станица во Нови Сад, брзајќи да се врати дома, а потоа врз него и уште 16 лица се сруши бетонска настрешница тешка неколку стотици тони. Вукашин тој ден е згрижен во Клиничкиот центар во Војводина, по што е префрлен на ВМА.