Skip to main content
Македонија

По вечерешниот потрес, Милевски со порака до граѓаните: Ова е нормално тектонско движење

10/02/2026  23:53

По силниот земјотрес што вечерва ги вознемири граѓаните, професорот Ивица Милевски од Природно-математичкиот факултет (ПМФ) излезе со смирувачка порака и научно објаснување за потресот. Тој посочи дека нема причина за паника, нагласувајќи дека станува збор за природен геолошки процес поврзан со тектонските движења во подрачјето на Шар Планина.