Skip to main content
Хроника

По караница, син со шише удри по татка си

16/05/2025  13:46

Во Тиквешијата синоќа бил приведен 40-годишен маж, бидејќи го нападнал татко му со стаклен предмет.

Како што информираа од Секторот за внатрешни работи – Велес, синоќа во 22:40 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишиле од слобода Ц.Б., на возраст од 40 години од кавадаречко.

Тие постапиле по претходна пријава од неговиот 61-годишен татко, кој пријавил дека во неговиот дом во село во општина Росоман, по кратка расправија, го нападнал со стаклен предмет.

Ц.Б. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, појаснија од СВР – Велес.