Skip to main content
Скопје

Плоштадот „Скендербег” беше домаќин на боречки натпревари во рамките на „Културно лето на Чаир 2026″

14/06/2026  22:01

Во рамките на манифестацијата „Културно лето на Чаир 2026″, вечерва плоштадот „Скендербег” се претвори во спортска арена, каде младите спортисти од Боречкиот клуб Шкупи и гостинскиот клуб Балканец од Штип одржаа пријателски натпревари пред бројна публика и љубители на спортот.

Во текот на вечерта се одржаа вкупно шест интересни дуели, на кои младите борачи покажаа талент, физичка подготвеност, дисциплина и натпреварувачки дух, создавајќи посебна спортска атмосфера во срцето на Чаир.

На крајот од настанот беа доделени признанија за спортистите, тренерите и претставниците на двата клуба, како знак на благодарност за нивниот ангажман во развојот на спортот и промоцијата на спортските вредности кај младите генерации.

„Културно лето на Чаир 2026″ продолжува да нуди разновидни спортски, културни и уметнички содржини, претворајќи го Чаир во место на средба на граѓаните, младите и талентите од различни области.