Skip to main content
Балкан

Плазма се враќа, првите испораки тргнуваат оваа недела!

04/06/2025  21:38

Очекувањата се дека Plazma ќе биде достапна на сите продажни места во следниот месец, во количини што ќе ја задоволат побарувачката и очекувањата на потрошувачите.

Драган Стајковиќ, генерален директор на Bambi:
„За помалку од една година од пожарот, изградивме нов модерен погон и се вративме на 100% капацитет. Ова е резултат на посветеноста и вербата на нашите тимови. Благодарност до потрошувачите и партнерите за трпението и љубовта – Plazma се враќа, и тоа на голема врата!“

Новиот производствен погон е еден од најголемите во Европа, со високи индустриски стандарди, најсовремена технологија и фокус на ефикасност и безбедност. За само девет месеци, Bambi успеа да го стабилизира целиот ланец на производство, дистрибуција и снабдување.

Како лидер во кондиторската индустрија во Србија, компанијата продолжува да инвестира во:

  • нови производни капацитети
  • иновации и проширување на постојните производи
  • јакнење на брендот
  • развој на вработените
  • истражување на нови извозни пазари