Skip to main content
Хроника

Пијани малолетници на мотор направиле сообраќајка во Штип

02/05/2026  16:19

Вчера околу 17:00 часот во СВР Штип е пријавено дека на крстосницата од ул.„Борис Крајгер“ и ул.„Анте Банина“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.С.(64) од Штип и мотоцикл „априлија“ со штипски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Штип.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, додека со телесни повреди неговиот малолетен сопатник од Штип, констатирани во Клиничка болница Штип.

По извршени проверки, било констатирано дека двајцата малолетници се под дејство на алкохол, кај возачот на мотоциклот се измерени 0,27 а кај неговиот сопатник 0,16 промили алкохол во крвта.

По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Штип