Skip to main content
Хроника

Пијан маж во Дебар возел без возачка, направил сообраќајка па нападнал полицајци

31/05/2026  13:07

На 29.05.2026 година во 23 часот, на улица „Зеќир Чанка” во Дебар, лишен од слобода е А.Л.(29) од Дебар. Тој претходно, на улица „Амди Леши” во Дебар, управувајќи моторно возило „фолксваген поло” со дебарски регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна незгода со оштетување на друг патнички автомобил и избегал а потоа, физички ги нападнал полициските службеници кои, по преземени мерки, го сопреле возилото.

Тие утврдиле дека истиот немал положено возачки испит и по извршено алкотестирање кај него констатирале 2,75 промили алкохол во крвта и го исклучиле од сообраќај. По наредба на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него, ќе бидат поднесени соодветни пријави.