Skip to main content
Свет

Пезешкијан го осуди американско-израелскиот напад врз иранско основно училиште

28/02/2026  20:12

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан го осуди денешниот американско-израелски напад врз женско основно училиште на југот на Иран, во кој загинаа 85 ученички, а повеќе од 90 се повредени.

„Оваа брутална мерка означува уште една црна страница во безбројните злосторства на агресорот против оваа земја, кои нема да бидат избришани од сеќавањето на нашата нација“, порача Пезешкијан, пренесува агенцијата ИРНА.

Тој изрази сочувство до семејствата на жртвите и им посака брзо закрепнување на повредените.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, претходно денеска исто така го осуди нападот на САД и Израел врз училиштето на југот на Иран и порача дека „овие злосторства нема да останат без одговор“.