Skip to main content
Македонија

Петрушевска: И покрај изгласана недоверба на членови на Судски совет во Собранието тие си ги вршат функциите и не ја почитуваат волјата на народот

30/04/2025  09:29

„Со право е загриженоста во јавноста кога се однесува на најклучната алка во борбата со корупцијата и организираниот криминал, тука мислам на ДКСК и конфликт на интереси. Ние како пратеници, парламентарно мнозинство во Собрание, многу внимателно ја следиме состојбата токму во овој дел изминатите денови и почитувајќи ја презумпцијата на невиност. Во овој момент остануваме воздржани во делот на коментирање на самиот чин и инволвираноста на првиот човек на антикорупциска во еден сериозен криминален скандал, меѓутоа очекуваме дека тоа ќе биде чин на оставка“, истакна пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Марија Петрушевска во гостување во емисијата „Објектив“ на МРТ1.

Петрушевска е децидна дека имплементацијата на законодавството вклучено во борбата со корупцијата е директно врзана со системот на вредности и интегритет.