Skip to main content
Македонија

Петровска кон Мисајловски: Дали спремате неповолен Колективен договор за вработените во одбраната?

30/04/2026  11:51

На седницата за пратенички прашања во Собранието, пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска упати прашање до министерот за одбрана Владо Мисајловски во однос на нов колективен договор.

Петровска рече дека буџетот на одбраната расте само на хартија а минатата година со одлуката за прераспределба на буџетски средства на МО му биле одземени 12 милиони евра од ставката за модернизација.

„Објектот на Армијата во Ѓорче Петров, каде се чуваат и одлгедуваат специјални кучиња 3 месеци беше без струја, вие молчевте. Во една од касарните се прошири заразна болест, вие молчевте. Вие молчите две години на секое барање на врсботените. Синдикатите побараа зголемување на платите, заради усогласување со зголемените животни стандарди, вие го тргате погледот од нив. А убаво ви е кога ќе се наместите за фотографирање со трудот на тие вработени, на кои не им давате зголемување на платите. Е тоа не е патриотизам, тоа е злоупотреба и газење на нивното достоинство. И бидејќи вработените и синдикатите си ги бараат своите права, што е сосема оправдано и очекувано, Вие решивте на нечесен начин да ги заобиколите постојните синдикати, особено репрезентативниот. После силни притисоци што им ги правевте на различни начини на претставниците на синдикатите, откако тие не попуштија, На 27. 3 оваа година формиравте најнов скндикат кој брзате да го направите репрезентативен. Зошто? За да може да донесете нов Колективен договор со одземени права и неповолен за вработените. Зошто? Затоа што немате чувство за тоа што е одбрана, затоа што ги изигравте вработените во одбраната и затоа што сакате да ги претоворите во послушници. Нема да ви успее“ рече Петровска.

„Дали ќе склучите нов Колективен договор со одземени права и понеповолен од овој кој сега го имаат вработените?“ праша Петровска.