
На преговорите во Женева за Украина ќе се разговара за поширок спектар прашања отколку во Абу Даби, меѓудругото и за териториите, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој наведе дека руската делегација на претстојните преговори ќе биде побројна и дека, покрај специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Медински, ќе учествуваат и заменик-шефот на дипломатијата Михаил Галужин и началникот на Главната разузнавачка дирекција на Генералштабот на вооружените сили Игор Костјуков.
„Медински остана шеф на делегацијата на нашите преговарачи. Зошто не учествуваше во претходните две рунди? Бидејќи имаше дискусии за безбедносни прашања, односно теми што директно се поврзани со воените прашања. Затоа нашата група ја водеше Костјуков, а делегацијата беше составена од воени претставници. Овој пат е планирана дискусија за поширок спектар на теми, вклучително и клучни прашања – оние што се однесуваат на териториите и сè останато“, објасни Песков.

