
Германија оди по „многу опасен пат“ одбивајќи да ја признае одлучувачката улога на Советскиот Сојуз во победата над нацизмот, а ова не е прв пат, изјави денеска Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, цитиран од ТАСС.

– Германија оди по многу опасен пат. Не е прв пат. Сегашната генерација германски политичари, кои практично молчат за улогата на СССР во победата над нацизмот, воопшто не ја претставуваат Германија во добро светло, додаде Песков.
Тој изрази надеж дека во Германија сè уште има луѓе кои „го зачуваче здравиот разум и се сеќаваат на подвигот на хероите кои го ослободија светот од фашизмот“.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, претходно изјави дека германскиот канцелар Фридрих Мерц очигледно „заборавил кој кого нападнал и кој кого ослободил“ пред 80 години.
Според неа, со потценување на одлучувачката улога на СССР во победата над нацизмот, Берлин се обидува да ги „заведе помладите генерации“ кои растат без ветерани во своите семејства и кои црпат информации од интернет.


