Со тешки телесни повреди се здобил пешак при удар од патничко возило ноќеска во близина на трговската зона кај Струга, соопшти СВР Охрид.
Портпаролот Стефан Димоски појасни дека во 1 часот и 50 минути во полициската станица Струга било пријавено дека на магистралниот пат Ќафасан – Подмоље, патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од О.Н.(32) од селото Драслајца, струшко, удрило во пешакот Б.Т.(36) од Охрид.
– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид, изјави Димоски.
Увидна екипа на ОВР Струга извршила увид на местото на незгодата.