
Метео анализа на Славчо Попоски:
Многу влажниот период со чести и обилни врнежи од дожд и снег на планините продолжува и во следните месеци според најновото ажурирање на прогностичките материјали. Во периодот февруари / април 2026 година многу често ние на Балканот ќе бидеме под влијание на циклонски активности а со тоа и очекувам појава на чести и обилни дождови а со повремените заладувања и продори на ладен воздух од север очекувам и појава на снег освен на планините и повисоките места, можна појава на снег ќе имаме и во пониските места (градовите).

Во периодот февруари / април 2026 повторно пости опасност од поплави во поширокиот дел од Балканот влкучувајќи ја и Македонија, особено западна Македонија гледано според моменталната состојба на прогностичките материјали. Се на се, граѓаните навремено да се подготват за очекуваните нови обилни дождови и снегови и поради новата опасност од излевање на реките и од поплави во Македонија како и во поширокиот дел од Балканот.


