Skip to main content
Македонија

Иницијатива на „Охрид SOS“  за воспоставување санитарно-заштитни зони околу Билјанини извори – Беј Бунар

23/03/2026  09:30

Денес Охрид SOS поднесе иницијатива до Министерството за животна средина и просторно планирање и до Министерството за здравство за воспоставување санитарно-заштитни зони околу Билјанини извори – Беј бунар. Ова не е апстрактно правно прашање. Пред само неколку недели, во Струга, видовме што значи кога тие зони не постојат и зошто тие мора да постојат.

Законот е јасен: ваквите зони мора да постојат. Прашањето е зошто сè уште, со децении не се воспоставени. Со оваа иницијатива бараме итен ангажман на интитуциите, а не откако ќе има последици по здравјето на луѓето и животната средина. Заштитата на водата не смее да биде реакција – таа е должност.