Skip to main content
Македонија

Перински и официјално именуван за директор на ФЗОМ

21/07/2026  16:13

 Владата на денешната седница, на предлог на министерот за здравство, го именува Златко Перински за вршител на должноста директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.
 
Перински е магистер по менаџмент на човечки ресурси. Во својата професионална кариера ја извршуваше функцијата министер за локална самоуправа, генерален директор на ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, како и управител на СЦ „Борис Трајковски”.