Skip to main content
Македонија

Папазов оди во куќен притвор

17/04/2025  12:51

Поранешниот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов, кој поднесе оставка по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, оди во куќен притвор. Истата мерка е изречена и за уште тројца осомничени, по барање на обвинителството за замена на притворот. Меѓу нив се и поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски, еден инспектор и член на обезбедувањето.

Во куќен притвор се и неговите претходници на функцијата градоначалник – Ратко Димитриевски и Николчо Илијев. На поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, му е продолжен притворот за нови 30 дена.

Другите поранешни министри за економија, Ваљон Сарачини и Беким Незири, се исто така во куќен притвор, додека за Дритон Кучи се изречени мерки на претпазливост. Во меѓувреме, судот во Кочани ги разгледува жалбите на 12 осомничени.

Јавното обвинителство денеска демантираше дека обвинител се повлекол од случајот