Skip to main content
Свет

Папата Лав XIV повика на божиќно примирје низ целиот свет

24/12/2025  09:14

Папата Лав XIV синоќа повика на еднодневно божиќно примирје низ целиот свет, не споменувајќи никаков конкретен конфликт, но изразувајќи жалење што „Русија се чини дека го отфрли барањето за примирје.

„Можеби ќе нè послушаат и ќе има 24 часа мир во целиот свет“, додаде американскиот папа.

„Она што особено ме растажува е фактот дека Русија се чини дека го отфрли барањето за примирје“, забележа тој.

Лав XIV вечерва ќе ја прослави својата прва божиќна миса откако беше избран за папа, а утре напладне ќе го даде традиционалниот благослов „Urbi et Orbi“, во кој понтифот традиционално дава преглед на светските конфликти