Skip to main content
Македонија

Панче Тошковски опериран во „Мајка Тереза“ – стабилен е и се опоравува

17/11/2025  15:37

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, соопшти дека денеска во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје му била извршена успешна хируршка интервенција. Како што пренесе тој, неговата состојба е стабилна и е под постојан лекарски надзор.

„Во моментов сум под надзор на лекарите, по што следува краток период на опоравување“, напиша Тошковски на Фејсбук.

Тој увери дека Министерството за внатрешни работи продолжува да функционира непречено и согласно сите утврдени процедури, и покрај неговото привремено отсуство.

„Целиот тим професионално си ги извршува обврските и моето привремено отсуство нема да има никакво влијание врз тековните процеси и активности, ниту пак врз безбедноста на граѓаните. Веднаш по завршувањето на периодот на опоравување, се враќам на редовно извршување на моите обврски во полн капацитет“, истакна министерот.