Skip to main content
Економија

Пак пропадна тендерот за набавка на електрични автобуси

22/05/2026  14:45

Државната комисија по жалби за јавни набавки по службена должност донесе решение за поништување на јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи, информираа од Министерството за транспорт и врски

Министерството за транспорт Ве известува дека согласно своите надлежности, предметната јавна набавка повторно ќе ја објави согласно законските прописи во најбрз можен рок.