Skip to main content

Поради високите температури најавени за денеска, во периодот од 13 до 17 часот, Акрополот во Атина ќе биде затворен за туристи, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Археолошката управа во Атина утрово соопштија дека Акропол на четири часа ќе биде затворен за безбедноста на вработените и посетителите.

Во Грција денеска се очекуваат температури над 40 степени.