Директорот на ФЗОМ Сашо Клековски денеска се сретна со Шпела Керин, протетичарка од Кршко, Словенија. Таа е водечки стручњак протетичар во регионот за протези за раце и за лице (епитези), со над 25 годишно искуство. Шпела е во работна посета на земјава за да ја процени состојбата на повредените од трагедијата во Кочани. Во Македонија веќе има петмина корисници на нејзините протези.
На средбата со Клековски, како што соопшти ФЗОМ, е разговарано за потребите на повредените и кои се можностите. Естетско-функционалните протези се наменети за специфични потреби, се прават скроени по мерки откако ќе заврши процесот на заздравување на кожата. Разговарано е за финансирање од страна на Фондот, за што постојат искуства од Словенија и Хрватска.
Клековски, претходно комуникацил и со изралелската амбасадорка Симона Франкел, здравствените власти, како и докторите кои ги водеа тимовите од Израел за помош на повредените од Кочани, д-р Шахар Шапира од Шиба медицински центар и д-р Омер Марин, директор на „Шер Зедек“ во Ерусалим.
Тој испратил пораки за мир и безбедност, и како што посочуваат од ФЗОМ, тимовите од Израел што помогнаа по трагедијата во Кочани се безбедни, но моментално се ангажирани во третман на повредените од ракетните напади.
Тие упатуваат поздрави до повредените во Кочани и се посветени дека ќе дојдат да помогнат веднаш штом состојбата се стабилизира. Нивната помош за Кочани никогаш нема да ја заборавиме! Продолжуваме со соработката со експерти за да обезбедиме најдобра здравствена заштита за повредените! #Здравство #Кочани #Солидарност #Поддршка“, стои во соопштението од ФЗОМ.
Воздухот во Гази Баба значително загаден, Стефковски побара помош од службите и граѓаните да се откријат сторителите
23/06/2025 16:31
Краделе кабли за фотоволтаици: Осум лица пријавени за тешка кражба и прикривање во Кавадарци
23/06/2025 16:06
Арсовска го објави со име, презиме и телефонски број сопственикот на „небезбедната зграда“ во Чаир
23/06/2025 15:44
Македонија има двојно помалку пожарникари од законски предвидените, не постои тренинг центар, возилата се стари по 50 години
23/06/2025 15:41
Пронајдено женско куче затворено во напуштен автомобил, оставено без вода, храна и провев
23/06/2025 15:00