Измина точно една година од формирањето на Владата. Наместо период на стабилност и економски развој, јавноста остана заробена во црната хроника – со вестите за убиства, трагични сообраќајки, пожари и системска нефункционалност.
Во изминатите 12 месеци, Скопје се претвори во град на пукотници. Вооружени пресметки на отворено, убиства среде населени места и серија криминални случувања откриваат сериозни безбедносни пропусти. Полицијата честопати реагира задоцнето, а казнивоста речиси и да не постои. Главниот град личи на небезбедна зона каде граѓаните се чувствуваат незаштитено и изложено.
Патиштата во Македонија во истовремениот период станаа еден од најсмртоносните фактори во државата. Расте бројот на загинати и тешко повредени во сообраќајни несреќи. Анализите покажуваат дека дел од трагедиите можеле да бидат спречени со поефикасна инфраструктура, сообраќајна сигнализација и присуство на надзор. Владините ветувања за „паметни патишта“ и модерни сообраќајни решенија останаа само на хартија.
Поминаa и неколку месеци од големиот пожар во Кочани кој уништи животи, домови и повлече сериозни материјални штети. И покрај јасните недостатоци во системот за справување со елементарни непогоди, не беше преземена одговорност ниту беше понуден јасен план за надминување на недостатоците. Во Кочани, но и низ цела држава, граѓаните останаа сами на себе во критични моменти.
Во годината зад нас, не доминираа теми за реформи, напредок и меѓународни достигнувања. Доминираше бројот на трагедии, жртви и институционален молк. Најголемиот дел од случаите останаа без одговорност, без реакција и без системски одговор.
Една година по доаѓањето на власт, граѓаните не зборуваат за нови инвестиции, повисоки плати или подобрување на здравството и образованието. Зборуваат за убиство на малолетник, за престрелка во центар на Скопје, за семејства уништени во сообраќајки, за пожар што не бил изгаснат навреме. Зборуваат за несигурност.
Пукотници низ Скопје, жртви од сообраќајки, пожар во Кочани – ЕДНА ГОДИНА ВЛАДА со премногу загубени животи
23/06/2025 18:15
Пониква ги задоволува условите за лекување, 45 повредени од пожарот во „Пулс“ ја започнаа рехабилитацијата
23/06/2025 17:15