На 14.07.2025 во 18.10 часот, на автопатот А1 Демир Капија – Миравци, во близина на првиот тунел, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода С.Р.(29) од Битола.
При радарска контрола во патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека тој управувал патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, со брзина од 197 километри на час на место каде брзината на движење е ограничена на 80 километри на час.
Известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против С.Р. ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување моторно возило“.
Приведен возач од Битола, управувал возило со брзина од 197 км на час на место каде е дозволено 80 км на час
15/07/2025 10:47
Откорнат лим од зграда во изградба во центарот на Скопје утрово повреди велосипедист
15/07/2025 10:24
Муса Џавит кој го уби армискиот офицер и понатаму е недостапен за правдата – се бара со меѓународна потерница за две убиства
15/07/2025 09:59