Skip to main content
Хроника

Падна измамникот со лажни сообраќајни несреќи, штета од 3,6 милиони денари

05/02/2026  13:32

Полицијата расчисти девет кривични дела „измама“ поврзани со лажни сообраќајни незгоди, а осомничениот 38-годишен П.С. од Охрид е приведен и му е одредена мерка притвор.

При преземените активности, лишен од слобода бил П.С.(38), кој по извршен службен разговор го појаснил начинот, местото и времето на извршување на вкупно девет кривични дела, од кои шест биле сторени на подрачјето на Штип, а три во Виница.

Според полицијата, оштетените лица биле измамени за вкупна сума од околу 3.600.000 денари.

Против осомничениот до Основното јавно обвинителство Штип е поднесена кривична пријава по итна постапка, а по предлог на обвинителството тој бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му одредил мерка притвор.