Skip to main content
Македонија

Падна дел од фасадата во центарот на Скопје, ограден е делот на тротоарот поради опасност за минувачите

01/10/2025  22:54

Дел од фасадата на палатата „Лазар Поп Трајков“ во центарот на Скопје денеска се урна, објави 4NEWS.mk. Во оваа палата се сместени повеќе институции, а во непосредна близина се наоѓа и зградата на Министерството за енергетика.

На местото веднаш бил обезбеден тротоарот за да се спречат несакани инциденти. Сепак, дел од фасадата сѐ уште виси и претставува директна опасност за минувачите.

Како мерка на претпазливост, целиот потег на тротоарот пред објектот е ограден со жолта предупредувачка лента, а поставени се и видливи натписи со текст „НЕ ПОМИНУВАЈ!“ на македонски јазик.