Skip to main content
Магазин

Овие 5 намирници го подобруваат холестеролот и го забрзуваат метаболизмот

07/07/2025  09:11

Одредени намирници не само што го подобруваат здравјето на срцето преку намалување на „лошиот“ LDL холестерол, туку истовремено помагаат и во процесот на губење на тежина – идеална комбинација за оние кои сакаат да живеат поздраво.

Според диететичарката Јохана Ангман и кардиолозите д-р Кристофер Ван Нгуен и д-р Бхаскар Семити, исхраната богата со растителни влакна, здрави масти и омега-3 масни киселини има клучна улога во подобрувањето на липидниот профил и контролата на телесната тежина. Еве кои намирници ги издвојуваат како најефективни:

1. Авокадо
Авокадото изобилува со мононезаситени масти и растителни влакна кои придонесуваат за намалување на LDL и зголемување на HDL холестеролот. Исто така создава чувство на ситост, што го намалува внесот на калории. Освен тоа, калиумот кој го содржи придонесува за здравје на срцето.

2. Масна риба (лосос, скуша, сардини)
Овие риби се богати со омега-3 масни киселини кои го намалуваат воспалението, го регулираат нивото на триглицериди и го заштитуваат срцево-садовиот систем. Дополнително, тие го поттикнуваат метаболизмот и слабеењето.

3. Јаткасти плодови
Бадеми, ореви и ф’стаци се моќен извор на здрави масти, протеини и влакна. Го балансираат холестеролот и го продолжуваат чувството на ситост, со што спречуваат прејадување.

4. Семе од чиа
Ова семе е полн погодок за контрола на апетитот и стабилизација на шеќерот во крвта. Содржи омега-3 масти и растворливи влакна кои го намалуваат холестеролот и помагаат во одржување на здрава телесна тежина.

5. Ленено семе
Мелено ленено семе е одличен додаток во секојдневната исхрана. Богато е со алфа-линоленска киселина (ALA), тип на омега-3 масна киселина, и растителни влакна кои го намалуваат холестеролот и го регулираат апетитот. Може лесно да се вклучи во смути, јогурт или овесна каша.

Замената на преработена храна со овие природни и нутритивно богати опции е еден од наједноставните и најделотворни чекори за подобрување на здравјето на срцето и контролата на тежината.