
Дали некогаш сте направиле цело тенџере супа од печурки или спанаќ и сте го оставиле за следниот ден? Иако изгледа практично, повторното загревање на одредени намирници може да биде ризично по здравјето.
Многумина не знаат дека некои јадења по подгревање не само што ги губат хранливите својства, туку и стануваат потенцијално опасни. Еве кои намирници не треба да се загреваат повторно:
Печурки
Печурките треба да се јадат веднаш по подготовката. Ако останат, подобро е да се јадат ладни. При повторно загревање, се менува составот на протеините, што може да предизвика дигестивни проблеми и губење на нивните здравствени придобивки.
Пилешко месо
Загревањето на пилешко, особено на високи температури, може да предизвика промена во протеинскиот состав. Тоа го прави тешко сварливо, па дури и ризично. Ако мора да го подгреете, правете го тоа на ниска температура.
Компир
Компирот при повторно загревање ја губи хранливата вредност и може да ослободи токсични материи. Најдобро е да се јаде веднаш или ладен, кога содржи најмногу отпорен скроб – одличен за ситост и варење.
Спанаќ
Богат со нитрати, спанаќот при загревање ги претвора овие соединенија во нитрити – потенцијално канцерогени. Јадете го свежо подготвен.
Цвекло
Исто како спанаќот, цвеклото содржи нитрати што стануваат штетни при подгревање. Може да се јаде следниот ден, но без да се загрева.
Целер и морков
Во супите, овие намирници треба да се отстранат по варењето, бидејќи содржат нитрати. Доколку супата се загрева, нека биде без нив.
Јајца
Јајцата се чувствителна храна – варени и пржени не треба да се подгреваат повторно бидејќи може да станат токсични. Исклучок се јадења каде јајцата се термички обработени како дел од сосови.
Гответе помали количини или складирајте дел од храната веднаш во фрижидер и консумирајте ја ладна. Не секое јадење е создадено за „второ подгревање“.