Skip to main content
Свет

Кремљ ги национализира руските имоти на „Нестле“ и на „Ошан“

18/09/2026  17:50

Кремљ одлучи да го преземе рускиот имот на швајцарската компанија „Нестле“ (Nestléa) и на францускиот трговски синџир „Ошан“ (Auchan). Средствата на двете компании се ставаат под привремена администрација на руската компанија „Л.Е.В. Менаџмент“ (L.E.V. Management).

– „Ошан“ и „Нестле“ се европски компании од непријателски земји кои моментално активно учествуваат во непријателства против нас, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Најголемата светска компанија за храна „Нестле“ сè уште управува со шест фабрики во Русија и вработува повеќе од 7.000 луѓе. Продажбата во Русија сочинуваше два процента од вкупната продажба на групацијата во 2021 година и изнесуваше околу две милијарди швајцарски франци. По објавата за преземање, акциите на „Нестле“ во Цирих паднаа за два проценти.

„Нестле е подготвена да ги преземе сите потребни чекори за да ги заштити своите права и да обезбеди продолжување на своето работење во интерес на сите засегнати страни, особено на своите вработени, се наведува во соопштението на швајцарската компанија

Француската компанија „Ошан“ во Русија има 230 продавници и добро развиена мрежа за онлајн продажба, во која се вработени 30.000 луѓе.

Русија го зајакна својот притисок врз компаниите во странска сопственост од почетокот на инвазијата врз Украина во 2022 година. Со указот од 2023 година на рускиот претседател Владимир Путин, Москва има овластување странски средства од земји што ги смета за „непријателски“ да ги стави под привремена администрација. Кратко потоа, државата ја презеде контролата врз руските подружници на француската прехранбена компанија „Данон“ (Danone) и данската компанија за производство на пиво „Карлсберг“ (Carlsberg).

Повеќе од 1.000 странски компании доброволно ја напуштија Русија во првите месеци по почетокот на инвазијата врз Укриана.

Кампањата на Кремљ за преземање на контролата врз бизнисите не е ограничена само на странски компании. Државата, исто така, го зголемува притисокот врз домашните компании.